„Денвер“ и „Минесота“ ќе решаваат за последното место во доигрувањето

Екипите на „Денвер Нагетс“ и „Минесота Тимбервулвс“ во директен дуел во четврток ќе решаваат за последното место во плеј-офот, откако ноќеска славеа победи, исто како и останатите конкуренти.

„Сан Антонио“, „Њу Орлеанс“ и „Оклахома“ победија во ноќешните натпревари, па обезбедија пласман во доигрувањето на едно коло пред крај од регуларниот дел од сезоната.

„Денвер“ во интересен меч го победи „Портланд“ со 88:82, а Никола Јокиќ повторно беше најдобар на теренот и оствари нов, десетти трипл-дабл сезонава. Србинот постигна 15 поени, 20 скока и 11 асистенции, додека кај поразените најдобар беше Босанецот, Јусуф Нуркиќ со 20 коша и 19 скока.

„Минесота“ беше подобра од „Мемфис“ со 113:94 и остана во игра за плеј-офот, додека „Спарси“ го добија „Сакременто“ со 98:85 и осигураа доигрување. Победи за плеј-оф остварија и „Њу Орлеанс“ против „ЛА Клиперс“ со 100:113, како и „Оклахома“ против „Мајами“ со 115:93.