Денвер ја легализираше марихуаната на јавни места

„трева“

Клиентите имаат право да пушат „трева“ и објектите ќе треба да добијат согласност од соседите.

Жителите на Денвер ја одобрија мерката на референдум. Требаше цела недела да се објават резултатите кои беа многу блиску и приврзаниците на кампањата да прогласат победа, јавуваат американски медиуми.

Новото правило стапува во сила веднаш. Клиентите нама да имаат сепак право да пушат „трева“ во објектите туку најверојатно на посебни места со ограничен пристап. Ќе мора и марихуаната да ја носат сами бидејќи ресторани и барови нема да може да продаваат истовремено храна и пијалци и лесниот наркотик од друга страна.