Последниот случај со спасувањето на премрзнато лице благодарение на индивидуалната пожртвуваност на еден лекар, во прв план повторно ја исфрли на површина нефункционалноста на нашиот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување, реагираат во понеделникот од Демократскиот сојуз/
„По којзнае кој пат се покажа дека постоењето две паралелни институции – Центарот за управување со кризи, од една и Дирекцијата за заштита и спасување, од друга страна, претставуваат пречка во извршувањето на заштитните и спасувачките активности во итни случаи. Меѓу надлежностите на овие две институции постои законско поклопување, што во пракса создава дуализам, ривалите и нефункционалност“, се истакнува во реакцијата.
Демократскиот сојуз инсистира на итно реформирање на системот за кризи и создавање единствена институција која ќе го менаџира намалувањето ризици од катастрофи.
„Сегашната меѓувладина комисија за реформирање на овој сегмент (трета во последниве деститина години) мора да донесе предлог за формирање единствен државен орган кој ќе биде надлежен за реагирање во итни ситуации кога се загрозени човечки животи. Не смее да дозволи овој исклучително важен сегмент да биде заробен од интересите на политичките партии“, велат од партијата на Трајанова