Заповедникот на воениот гарнизон во Хонг Конг, ги осуди антивладините протести и предупреди дека енма да се толерира насилство , со што за прв пат ги коментираше протестите што почнаа од јуни.
Чен Даоксиан вчеравечер изјави дека насилните протести се штетни за стабилноста и просперитетот на градот , а го загрозува владеењето на правото и редот во Хонг Конг.
,,Инцидентите сериозно му се заканија на животот и безбедноста во градот .Тоа не смее да се толерира и ние најостро ги осудиваме.” ,рече командантот на оружентие сили во Хонг Конг.
Кинеските медиуми објавија и снимка на која се гледа како војниците од гарнизонот вежбаат запирање на протести. Вежбите се случуваат кога во јавноста во Хонг Конг е зголемена загриженоста поради зголемениот број на војска во граничната зона со Кина .
Демонстрантите секојдневно одржуваат протести против законот за екстрадиција со кој оние кои ќе наоправат кривично дело , ќе бидат судени во Кина , иако Хонг Конг има независен правен систем.