Депонијата во скопско Ѓорче Петров станува опасна за граѓаните

Ова е депонијата во Ново Село ! Поголема од било кога !

И не само што не се празни туку не престанува да се полни ! Што е она што е најстрашно, што САМАТА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ја полни иако ИЗЛАЖАА дека е комплетно исчистена !

На видеото се гледа камион во сопственост на општина Ѓорче Петров со регистерски таблички SK – 430- SH како во сред бел ден доаѓа и истура шут !

На 27 -ми јануари Град Скопје, а на 29-ти февруари Aleksandar Naumoski објавија (види линк) дека депонијата се чисти и дека ќе се потрошат 10 милиони денари за таа намена.

Парите се потрошија, а ѓубрето не е исчистено ! За се има видео и фото докази !

Вака ли е грижите за граѓаните ? Ова ли е правилна грижа во ек на пандемија ? Што кога ќе се запали ?

Кој од ова профитира и зошто се отвараат рампите само за возила на одредени фирми ?

Како граѓани на општина Ѓорче Петров упатуваме АПЕЛ до медиумите да ни помогнат !

Вака веќе не бива !

Фејсбук статус: