![strumicani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/strumicani.jpg?resize=500%2C279&ssl=1)
Во изминатиот период од неколку месеци градоначалникот на Струмица Зоран Заев и општинската администрација не си ја гледаат работата, а проблемите се натрупуваат секојдневно, реагираат струмичани, пишува „Курир“.
-Ќе и покажеме на јавноста како Зоран Заев свесно толерира појавување на диви депонии и тоа на места кои водат кон најпосетуваните туристички локалитети. Ова ли е начинот на кој Заев планира да ја прави Струмица атрактивна за домашните и странските туристи? За да ги посетат манастирите во Водоча и Вељуса сите посетители прво мора да се запознаат со дивите депонии кои секојдневно се појавуваат, велат струмичани.
Тие посочуваат дека Заев одамна кренал раце од Струмица, додавајќи дека општината тоне во проблеми кои во моментов, како што велат, никој не е способен да ги реши.
-Оваа ситуација од поодамна е неиздржлива, а единствен начин да се реши е распишување на предвремени локални избори. Господине Заев поднесете си оставка и оставете проблемите на граѓаните да ги решат луѓе на кои Струмица им е поважна од тесно партиските интереси, ми порачаа струмичани на градоначалникот Заев.