Депресијата може да се лекува со пешачење и физичка активност

Физичката активност може да биде лек за депресија, но исто така и во значителна мера да влијание врз ризикот од појава на ова нарушување на расположението, покажува новото истражување. Експерти од светот анализирале 15 студии со кои изучувале  депресија и вежбање. Се проценува дека кај речиси 12 проценти од лицата, појавата на депресија може да се спречи со модерирана физичка активност.
Физичката активност може да биде депресија, дури и кога тренираме помалку од препорачаното, а тоа за здрави возрасни луѓе е 150 минути физичка активност на неделно ниво, посочува истражувачот Џејмс Вудкок од Универзитетот во Кембриџ.

Луѓето кои практикувале брзо одење од 2,5 часа биле во помал ризик да се разболат од депресија во споредба со оние кои не пешачат.
Истражувачите кои анализирале 15 студии во кои учествувале повеќе од 191.000 лица, откриле дека луѓето кои имале делумна физичка активност, имале 18 отсто помал ризик од депресија во споредба со лицата кои не биле физички активни.
Депресијата влијае на околу 280 милиони луѓе од целиот свет и е водечка причина за болестите на менталното здравје, се наведува во една од студиите. Болеста депресија е поврзана со самоубиство и здравствени проблеми.
Многу луѓе немаат дијагноза на оваа состојба и тешко е депресивно лице да се мотивира за вежбање, но понекогаш и најмалиот чекор може да биде голем чекор.
– Неопходно е да пробате да се движите барем по малку секој ден. Тоа може да биде пет или 10 минути пешачење или на секои половина час, активност по две минути, посебно за луѓето кои седат во текот на целиот ден – вели неврологот Џенифер Хајс.
Д-р Антонија Баум е асистент на клиничката психијатрија и науката за однесување во Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон. Таа нагласува дека покрај физичката активност, во третманот на депресијата суштинска улога има психотерапијата и лековите на секој пациент.
– Физичката активност ја зајакнува циркулацијата, спречува воспаление и го зајакнува имунитетот. Исто така постои и врска меѓу здравјето на срцето и депресијата. Физичката активност го зајакнува чувството на сила – вели Баум.