Денеска ќе бидат одиграни сите натпревари од вонредното, 24. коло од македонската Прва фудбалска лига.
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар нема право на нов кикс и мора по секоја цена да забележи триумф во дуелот со домашниот тим на Македонија ЃП.
Најголема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на дерби натпреварот во Тетово, дуелот помеѓу се подобриот тим на Шкендија и новиот лидер на првенствената табела, Работнички.
Денеска на програмата Ренова – Еуромилк, Гостивар – Металург, Напредок – Пелистер, Брегалница – Хоризонт Т., Македонија ЃП – Вардар, Шкендија – Работнички.