Во последниот натпревар од 13-то коло на италијанското фудбалско првенство, екипите од дното на првенствената табела СПАЛ и Џенова на македонскиот капитен Горан Пандев одиграа без победник 1:1.
Домашните поведоа со голот на Андреа Петања од пенал во 55 минута, а веќе во 57 минута израмни Стефано Стураро.
Џенова е 18-та со 10 бодови, а СПАЛ е претпоследен со 9 бодови. На позицијата која осигурува опстанок во Серија А е Лече со 11 бодови, кој претходно во понеделнилникот на свој терен го анулираше водството од 2:0 кои гостите од Калјари го имаа 83 минута.