Дербито на врвот на Бунделигата без победник и без голови

Во дербито од 21-то коло на германскот фудбалско првенство во Минхен на „Алијанц Арена“ Баерни и РБ Лајпциг одигаа 0:0, па баварскиот тим ја задржа предноста од еден бод на врвот на табелата.

И покрај тоа што мрежите мируваа, натпреварот беше интересен со низа шанси пред двата гола, но голманите Мануел Ноер и Петер Гулаши одлично бранеа.

Најдобрите шанси за постигнување погодок за Баерн ги имаа Роберт Левандовски и Леон Горецка, додека кај Лајпциг најдобрите можности не ги реализираа Марсел Забицер и Тимо Вернер.

Во 53 минута судијата Марко Фриц досуди пенал за Баерн, но одлуката беше поништена по прегледувањето на снимката, бидејќи Левандовски бил во недозволена позиција.

Во неделата требаше да се одигра и натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн, но таа беше одложена поради лошите временски услови.

На табелата води Баерн со 43 бодови, Лајпциг е втор со бод помалку, додека двете Борусии – од Дортмунд и Манхенгладбах имаат по 39 бодови, со тоа што вториот тим има и меч помалку.