![Arsenal FC vs Manchester United](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/arsenal-mancester-junajted.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Во дерби натпреварот на 21-то коло од англиската фудбалска Премиер лига, во саботата вечерта Арсенал и Манчестер јунајтед ги поделија бодовите, при што манчестерските „Црвени ѓаволи“ на лондонски „Емирејтс“ поставија клупски рекорд од 18 гостински натпревари без пораз.
Јунајтед немаат загубено 18 гостински натпревари во низа во англиското фудбалско првенство,. во кои остварија 13 победи и 5 ремијаи ова е најдолгата серија без пораз за време на настапите на клубот во Премиер лигата. Следниот натпревар на гостински терен Манчестер јунајтед го игра на 13 февруари против Вест Бромвич.
Истовремено Манчестер Јунајтед веќе шести натпревар со ред не може да оствари триумф над Арсенал во Премиер лигата, Последен пат „Црвените ѓаволи“ ги совладале „Топчиите“ на домашен терен со 2:1 на 29-ти април 2018 година, и оттогаш дватапи ремизираа со 2:2 и 1:1, а трипат славеше Арсенал. Севкупно, овие два тима од „големата англиска шесторка“ одиграле во историјата 234 натпревари, од кои 84 дуели добил Арсенал, а 97 зевршиле во полза на Манчестер Јунајтед, а 53 завшиле без победник.
Вечерва во дуелот кој не го оправда сосема епитетот дерби натпревар, за Арсенал дебитираше норвешкиот играч за врска Мартин Едегард кој настапува за лондонскиот клуб како позајмен играч, иако ги полага правата на него.
Иако остана непоразен, Манчестер Јунајтед со ова реми сѐ повеќе го губи чекорот со водечкиот на табелата Манчестер Сити, и сега има 41 бод, три помалку од градскиот ривал со натпревар повеќе. Арсенал со овој бод дојде до деветтото место со 31 бод, еден повеќе од десеттиот Челзи.
Претходно Манчестер Сити ја оствари осмата победа во низа во Премиер лигата, совладувајќи го на свој терен со минимачни 1:0 последнопласиораниот Шефилд Јунајтед. Сити поведе уште во 9 минута со голот на Габриел Жезус, а во продолжението и покрај огромната доминација не успеа уште еднаш да ја затресе мрежата на гостите кои се чини настојуваа што да примат што помалку голови.
Шефилд кои пред само три дена во Манчестер го шокираше Јунактед победувајќи го со 2:1, остана на осум бодови и заостанува зад 19-от Вест Бромвич Албион четири бодови, или десет бодови помалку од зоната која гарантира опстанок во лигата.
А Вест Бромвич одигра нерешено со 18-от Фулам кој сега има 14 бодовио. Гостите дојдоа во водство во 10 минута со голот на Боби Рејд, а во 47 минута домашните израмнија преку Кајл Бартли. Во 66 минута ВБА направи резултатски пресврти и поведе со голот на Матеус Переира, но Иван Кавалеиро израмни во 77 минута,
Во последниот саботен натпревар Астон Вила со голот на Рос Баркли постигнат во 41 минута славеше на гостувањето кај Саутемптон, кој остана на 11-то место со 29 бодови. Но затоа сега Астон Вила направи пробив и се искачи на осмото место со 32 бодови од 19 натпревари.
Во првиот саботен натпревар, пак, Њукасл Јунајтед го изненади Евертон совладувајќи го на неговиот „Гудисон Парк“ со 2:0. Двата погодока на натпреварот ги постигна Калум Вилсон, првиот со глава во 73 минута, а вториот од контранапад во третата минута од судиското продолжение.
Евертон сѐ уште се одржува високо на табелата, седми е со 33 бодови но има два натпревара за доигрување, а Њукасл Јунајтед остана 16-ти, но сега со 22 бодови, осум над зоната на испаѓање.
Во недела на распоредот се натпреварите Челзи – Барнли, Лестер Сити – Лидс Јунајтед, Вест Хем Јунајтед – Ливепрул и Брајтон – Тотенхем.