По тринеделна пауза поради квалификациските натпревари за светското фудбалски првенство, во вторникот и среда продолжуваат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони со средбите од 3-то коло.
Дербито на вечерта ќе се игра во Мадрид, каде ќе се сретнат Реал и Тотенхем тимови кои во првите две рунди забележаа победи. Интересно се очекува да биде и во Манчестер. каде Сити ќе биде домаќин на Наполи.
Двојки за денепните дуели од 3-то коло во ЛШ:
Група E: Спартак Москва – Севиља и Марибор – Ливерпул
Табела: Севиља 4, Ливерпул 2, Спартак Москва 2, Марибор 1.
Група Ф: Манчестер Сити – Наполи и Феенорд – Шахтјор Донецк
Табела: Манчестер Сити 6, Наполи 3, Шахтјор Донецк 3, Феенорд 0
Група Г: РБ Лајпциг – Порто и Монако – Бешикташ
Табела: Бешикташ 6, Порто 3, РБ Лајпциг 1, Монако 1.
Група Х: Реал Мадрид – Тотенхем и АПОЕЛ Никозија – Борусија Дортмунд
Табела: Реал Мадрид 6, Тотенхем 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ Никозија 0.
Сите натпревраи ќе започнат од 20,45 часот.