Деркоски: Избирачкиот список никогаш нема да биде идеален

Избирачкиот список никогаш нема да биде идеален а постоечкиот е во ред и овој состав на Државната изборна комисија до сега не забележал случај на злопупотреба на лични карти во изборниот процес, изјави претседателот на комисијата, Оливер Деркоски по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Зборувајќи за другите аспекти од процесот на спроведување на фер и слободни изборе, Османи рече дека изгласувањето на измените на Изборниот законик пред распуштање на Собранието е многу важно за еден нормален процес. Роковите се кратки, нема многу време за донесување на законот, а тој е многу важен за еден нормален процес, рече Османи.

Дополнителниот заменик-министер Славјанка Петровска Процесот тврдо дека закочениот процес за изработка и издавање на лични карти до изборите ќе се одвива непречено и додава дека секој од раководните структури во МВР надлежен за личните документи има своја улога и своја одговорност.

Поради изборни нерегуларности Специјалното јавно обвинителство покрена три различни обвиненија против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници, функционери и вработени во МВР како и против пораннешни членови на Државната изборна комисија. Судските процеси се водат во скопскиот кривичен суд кој пак не го дозволи обвинението и против судии во Управниот суд за кои СЈО тврдеше дека и тие се вмешани во незаконски постапки а поврзани со спроведувањето на изборите.