![derkovski1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/derkovski1.jpg?resize=696%2C466&ssl=1)
Нема никакви шанси изборите да се одржат во јуни, без разлика на желбите на политичките партии, изборниот законик е јасен. За организација на изборите мора да има простор од најмалку 50-тина дена откако тие ќе бидат распишани, вели за Сител телевизија првиот човек на државната изборна Комисија Оливер Дерковски .
Дерковски вели дека покрај 20 дена за кампања, потребни се дополнителни 30 дена за да се повтори процесот на ажурирање на избирачкиот список но и постапката на кандидирање.
За најавата дека изборите може да се одржат под маски, Дерковски вели дека надлежните треба да знаат дека за таква постапка ќе биде потребно многу поголема логистика, а под знак прашалник е како ќе се врши идентификацијата на гласачите доколку во текот на целиот гласачки процес тие бидат со скриено лице
Доколку здравствените власти дадат зелено светло, а политичките лидери се договорат во текот на идната недела а изборите бидат распишани по крајот на вонредната состојба, согласно законот, изборното соочување би можело да се организира најрано на 5 или 12 јули.