Директорот на Македонски железници “Транспорт”, Оливер Дерковски, информира дека сигнализацијата на железничкиот правец Штип-Велес, на кој денеска се случи соообраќајната несреќа е во ред, односно е констатирано дека таа комплетно фукционира.
“Прибраноста на нашите вработени допринела во несреќата да се спречат посериозни последици. Останува да видиме како ќе заврши целата постапка, ќе го почекаме извештајот за потоа да знаеме на кој начин ќе треба да делуваме”, рече Дерковски.
Според првичните сознанија на директорот Дерковски, сигнализацијата на железничкиот премин била функционална, а првичните индиции говореле дека возачот на “Струмица експрес” поминал на спуштени рампи.
Според неговите информации, од возот има само еден повреден патник кој имал исекотини по лицето.
Сообраќајот на патниот правец Штип-Велес е нормализаран.