Дерманен по безредијата во Франција повика да не се стигматизираат странците

По повеќедневните безредија поттикнати од полициското убиство на 17-годишник во париското предградие Нантер, францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дерманен во вторникот предупреди дека не смеат да бидат стигматизирани странците.

„Денес во прашање се криминалците, а не странците“, изјави Дерманен на седницата на францускиот парламент.

Околу четири илјади лица се уапсени изминатите демови, помалку од 10 отсто од нив не се француски државјани, а само 40 од нив се во притвор очекувајќи ја депортацијата.

„Не сакаме да има омраза кон полицијата или кон странците. Сакаме љубов за Републиката. Може да се има да се има имгрантско потекло, да се доаѓа од предградие и да се сака својата земја“, рече Дерманен.

Во истиот контекст министерот за внатрешни работи истакна дека не се водат истраги против целата полиција. Ниту сите жители на предградијата се виновни за безредијата, додаде Дермамен.