
Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам. Одредени анализи покажуваат дека во наредните години во светот ќе има повеќе деца со дијагноза на аутизам отколку со рак, дијабетес и сида заедно, што е повеќе од загрижувачки.
Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.
Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.
Родителите треба да се консултираат со лекар ако забележат дека детето не се смее и не покажува реакции на среќа до шестиот месец. Ако не постои гестикулација (вперување со прстот, мавтање со рацете поздравни пораки и сл.)до прва година од животот, ако не прозбори ни збор до 16 месеци, ако не реагира на своето име.
Зоран Дерновшек е изумител по потекло од Словенија, кој живее во Италија, а неговата сопруга, пак, е по потекло од Охрид, кој има неколку вредни изуми, а еден од нив кој според него е најважен за човештвото е суплементот РЕНС (RENS – Rappid Effect Natural Supplement)
Станува збор за формула којашто Дерновшек ја развива четири години, а се базира на алги и хлорофил. РЕНС е суплемент кој се користи во третирање на аутизам и болести кои ги напаѓаат нервните клетки, но исто така тој се користи во третирање и на многу други болести. Еден од начините како РЕНС помага во третман на аутизмот е преку вршење на детоксификација на клетките.
Една од главните улоги на РЕНС-от е зголемена оксигенација на клетките. Ова е многу важно, бидејќи често имунолошкиот систем не може да ги препознае здравите клетки од заболените, односно оштетените клетки ( во кои се кријат бактерии кои лачат токсини) кои би ги нападнал доколку би ги препознал. Со зголемената оксигенација која ја прави РЕНС-от здравите клетки го зголемуваат енергетското ниво многу повеќе од оштетените клетки, па таа разлика во енергетското ниво му помага на имунолошкиот систем да ги препознае и совлада оштетените клетки и замени со нови.
При распадот и дезинтеграцијата на оштетените клетки, биолошкиот дел од клетката се распаѓа во околината во која тие се наоѓаат и ја закиселува. РЕНС делува како природна сода бикарбона т.е. ја неутрализира киселата средина. Остатокот од лошата т.е. оштетената клетка, како, на пример, некои токсини или метали коишто таа може да ги содржи, одат или во крвта или во мозокот. РЕНС ги врзува токсините и ги вади од телото. Тоа е и главната улога на РЕНС, односно прави детоксификација на телото од металите и токсините и на тој начин помага во третман на болестите. Кај голем број од болестите причината се бактериите кои не се откриени од имунолошкиот систем, како и металите или друг вид токсини.
Она што може секогаш да се слушне од Дерновшек е дека тој во иднина сака да отвори центар каде што ќе се лекуваат аутистични деца од целиот свет.
Мојата идеја е во иднина да отвориме центар каде што ќе се лекуваат аутистични деца од целиот свет. Сакам тој да е лоциран во Охрид. Имено, мојата сопруга е од Охрид, а тој со својата локација е најпогоден за таков вид на центар. Да се помага и да се допринесува на општеството е една од работите кои ги прават луѓето најсреќни. Јас би бил многу среќен кога би можеле да ја реализираме идејата за отворање на светски центар во Охрид, како би помогнале на многу луѓе, вели Дрновшек.