Десет дена молк по тешката хаварија на Блокот 3 во , рече на прес-конференција во вторникот Владо Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го прашуваме раководството на Електрани на Македонија во заминување, која е причината за молкот за тешката хаварија со поголеми размери во котелскиот дел на БЛОК 3 и дали некој направил план за работа или знае колку време ќе биде надвор од функција? Иако СДС; се обидува да го „прикрие“ дефектот на котел 3 во РЕК Битола, велејќи дека е во официјален сервис во екот на зимската грејна сезона, состојбата не е нималку наивна. Котелот 3 е оштетен и прашање е дали воопшто ќе може да биде оспособен за нормална работа.
ВМРО-ДПМНЕ навремено предупредуваше дека набавката на несоодветен јаглен од Косово, Албанија и Грција може да предизвика проблеми во работењето на РЕК Битола.
Според информациите кои ги имаме, можна причина за хаваријата е што е носен е битуменозен јаглен со многу поголема калорична моќ. Котелот во РЕК Битола од конструктивни причини не може целосно да го согори јагленот. Донесениот јаглен е со многу поголема количина на пепел и сулфур. Како последица на тоа се јавува „забетонирање“ на шљака околу цевниот систем во котелот и загадување на атмосферата со „кисели“ дождови.
Ваквото нестручно работење на СДС и ДУИ предизвика гасење на котелот и состојба во која тој е целосно „бетониран“ од кота „0“ до кота 20 метри. Минатата недела бевме сведоци на непромислен обид и насилно натерани да влезат работници да интервенираат во Котелот, но поради високата температура се здобиле со тешки изгореници.
Блок 3 во РЕК Битола уште долго време ќе биде во таканаречено „сервисно“ одржување и надвор од погон. Исходот од „квалитетното“ менаџирање на РЕК Битола, оштетен котел и повредени работници. Вчерашниот ден го проследи и ново „планско“ испаѓање на БЛОКОТ 1, а минатата недела речиси пет дена комплетно надвор од функција беше јагленовиот систем од двата рудници додека вртеа стотици камиони од ваков увозен јаглен со сомнително потекло! Ги предупредуваме надлежните да не ја префрлаат вината на работниците и посадата на БЛОК 3 кои ќе бидат заштитени од правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи синдикатот очигледно е ставен во функција на заштита на менаџерскиот тим.
Го повикуваме раководството веднаш да си поднесе оставка! Виновниците и се познати и на јавноста и на вработените и за тоа бараме ОСТАВКА од целокупниот раководен тим на ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ и РЕК Битола, кој дозволи ваков јаглен да биде донесен, а потоа и ставен за горење во котлите со што се предизвика оваа хаварија со несогледливи последици се со цел за тешки провизии и богатење на поединци“, истакна Талевски.
На крај, почитувани, бараме оставка од Васко Ковачевски, ако не за катастрофалното менаџирање, криминалите, провизиите, нека си понесе оставка ја поднесе од морални причини“, додаде.