Десет лица под истрага во Франција поради планирање напади врз муслимани

Француските власти отворија официјална истрага портив девет мажи и една жена поради сомневање дека планирале напади врз муслимани, откри за медиумите во четвртокот судски извор.

На возраст меѓу 32 и 69 години, лицата се осомничени дека планирале на неколку напади врз неколку цели, вклучително и имами. Меѓу десетте лица се и 65-годишен поранешен полицаец за кој се сомнева дека е водач на групата, како и неговата сопруга.

При апсењето на осомничените во текот на изминатиот викенд на неколку локации низ Франција пронајдени се 36 парчиња оружје, леток за изработка на импровизирани експлозивни направи и материи коишто може да се користат за изработка на експлозивот ТАТП, соопшти кабинетот на државниот обвинител.

Четворица од уапсените ќе останат во притвор до почетокот на судењето, четворица се ослободени, а двајца уште ја чекаат одлуката за нивната судбина. Сите се предмет на службена истрага поради сомневање за „припадност на криминална организација поврзана со теророзмот“.

„Групата се обидела да регрутира нови членови и да го прошири својот досега структурајќи се на регионално ново“, се наведува уште во соопштението на канцеларијата на државниот обвинител на Франција.