
Во Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во девет се повредени вкупно 10 лица. Потешко се повредени три лица во три сообраќајки, а полесно седум лица во шест сообраќајки.
Според дневниот извештај на ЗСВР Скопје, со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.
Сообраќајната полиција санкционирала 45 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклуечни девет лица кои возеле пред да добијат возачка дозвола, две лица под дејство на алкохол и еден возач почетник, како и девете нерегистрирани возила.
Изминатото деноноќие евидентирани се и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и 12 возачи на мотор, мопед или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Сообраќајната полиција издала 37 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 39 возила