Десет лица ранети, три се критично, во текот на славјето во Денвер

Полицијата во Денвер официјално објави дека десет лица се ранети ноќта кога градот ја прославуваше првата во историјата титула во кошаркарската НБА лига.

Од десетте ранети лциа, моментално три се во критична состојба.

Престрелката се случила на два километра од салата во којашто Денвер Нагетс ги победија Мајами Хитс во петиот натпревар од годинешното финале во НБА и со тоа дојдоа до титулата по 4-1 во серијата.

„Првите информации укажуваат дека биле истрелани повеќе куршуми во кавга коај избувнала меѓу неколку лица“, соопшти полицијата и додаде дека „истрагата е доста сложена“.

Инаку, полицијата го упасила главниот осоменичен за овој инцидент, кој имал полесни повреди но не се наведува дали тие се настанати при неговото приведување.

Во 47-те години постоење на франшизата, кошаркарите на Денвер Нагетс првпат играа во големото финале и воедно ја прославија првата титула.