Десет лица заболени со свински грип

Министерството за здравство информира дека има доволно количини од лекот „тамифлу“, со кој се третираат заболените.

Mинатата недела биле регистрирани вкупно 535 лица со грип, а оваа недела се регистрирани 20 отсто повеќе или 643 новозаболени со грип и заболувања слични на грип, информираат од Министерството за здравство.

Во Институтот за јавно здравје се пристигнати 19 примероци за лабораториски испитувања, од кои 12 се позитивни на грип. Станува збор за 10 лица со тип А (Х1Н1), односно пандемски грип и две со А (Х3Н2) грип.

Министерството за здравство информира дека има доволно количини од лекот „тамифлу“, со кој се третираат заболените и има доволно капацитети за хоспитализирање на лицата со евентуални компликации од грипот.