![infektivna-3ahpakg086pppz3hmpg5c0](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/infektivna-3ahpakg086pppz3hmpg5c0.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Вкупно 10 медицински сестри од Инфективната клиника во Скопје се заразени со ковид-19, а уште две нивни колешки се во изолација, пишува МКД.мк.
Од почетокот на здравствената криза вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале.
-Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Клиниката за инфектвни болести и фебрилни состојби 10 се позитивни, а 2 се во изолација, 3 се на боледување, 4 на породилно отсуство. Вкупно 40 медицински сестри работат на Клиниката, а 11 медицински сестри се на испомош. Три медицински сестри работат во Модуларната болница, а 14 се на испомош, велат во одговорот од Министерството за здравство.
Според МЗ, во моментов 100 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат од ковид 19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а дополнително 66 се хоспитализирани во Модуларната болница.