Пандемијата на коронавирусот предизвика глобална „криза во образованието без преседан“, со речиси 10 милиони деца кои се погодени со затворање на училиштата и кои можеби никогаш нема да се вратат во своите класови, објави во понеделникот организацијата Save the Children.
Повикувајќи се на податоци од УНЕСКО, споментата британска хуманитарна организација објави дека во април, откако ширум светот беа воведени мерки за спречување на ширењето на заразата со новиот коронавируст, 1,6 милијарди млади лица, што е речиси 90 отсто од учениците и студентите, престанале да одат на училиштата и на факултетите.
„Првпат во историјата на човештвото, образованието е прекинато во целиот свет за цела генерација деца“, наведува организацијата во својот извештај.
Од Save the Children предупредуваат дека поради економските последици од пандемијата, дополнителни 90 до 117 милиони деца може да завршат во сиромаштија, што повторно би можело да има последици по продолжувањето на нивното образование.
Многу млади луѓе може да бидат принудени да почнат да работат, а девојчињата би можеле да бидат натерани на мажење за да помогнат во издржувањето на нивните семејства. Поради тоа, меѓу 7 и 9,7 милиони деца ширум светот може засекогаш да го напуштат своето образование, наведува организацијата.
Истовремено, од Save the Children предупредуваат дека поради економската криза буџетите за образование во земјите со ниски и средни приходи би можело да бидат намалени за 77 милијарди долари на глобнално ниво.
„Околу десет милиони деца можеби никогаш нема да се вратат во училиштата. Владите би требало да го зголемат финансирањето на образованието, а неместо тоа се зголеми ризикот од нови кастрења, што ќе доведе до драматичен пораст на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, девојчињата и момчињата“, изјави директорката на Save the Children.
Организацијата ги повикува владите и приватните донатори да го зголемат финансирањето на образованието, за децата да се вратат во училиштата кога тоа ќе биде можно, и за во меѓувреме да се образованието да се одвива на далечина.