Десет нови хемикалии додадени на листата на перзизстентни органски загадувачи

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, ја отвори завршната работилница на проектот „Ажурирање на националниот имплементирачки план за редукција и елиминација на ПОПс (перзистентни органски загадувачи)“ кој Министерството за животна средина го спроведуваше во периодот од август 2012 до декември 2013.

„Проектот  за перзистентни органски загадувачи резултираше со ажурирање на Националниот имплементационен план со нова група од 10 хемикалии, кои беа додадени на листата на 12-те веќе дефинирани  перзистентни органски загадувачи, согласно Стокхолмската Конвенција, со што Македонија се приклучи кон глобалната акција за редукција и елиминација на овие штетни хемикалии“, изјави заменик министерот Темелковски во своето поздравно обраќање.

Ажурирањето на националниот имплементационен план и изработката на инвентар за дополнителните 10 нови хемикалии, за кои беше утврдено дека ги имаат истите особини како и претходните, беше реализирано со средства одобрени од Глобалниот еколошки фонд.

На работилницата се обрати и Марин Кочов, раководител на канцелариите за Озон и ПОПс во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање .