Бројот на Британци кои побарале да станат Белгијци се зголемил за 10 пати во однос на лани, јавуваат белгиските медиуми. Процесот за излегување на Велика Британија од ЕУ, проследена со голем број нејаснотии, го зголемува бројот на Британци кои бараат белгиско државјанство
За да добијат белгиско државјанство, Британците мора да аплицираат во општината каде што се регистрирани и да платат такса од 150 евра. Тие мора да докажат дека живееле легално во Белгија најмалку пет последователни години, да се вклопени во локалното место и да докажат дека работат.
Неодамна институциите на ЕУ ја повикаа Белгија да ги олесни условите за добивање државјанство.
Британските службеници во институциите добија ветување дека ќе ги задржат своите работни места по напуштањето на Велика Британија на ЕУ.