1. Многупати сте ја расплакале
Таа плачела кога дознала дека е бремена. Плачела и кога ве родила. Плачела кога прв пат ве земала в раце, плачела од среќа. Плачела од страв, од загриженост. Плачела бидејќи имала предлабоки чуства за вас. Ја почуствувала вашата болка и вашата среќа и тоа го споделила со вас, без разлика дали вие сте забележале или не.
2. Таа го сакала последното парче пита
Но, тогаш ве здогледала вас со тие очиња, како ги оближувате усните со малиот јазик и не можела да го изеде парчето пита. Таа знаела дека ќе биде посреќна доколку вашето мало меше не е гладно.
3. Многупати почуствувала болка
Кога сте ја повлекле за косата, болело. Кога сте ја изгребале со тие мали ноктиња кои е невозможно да се скратат – болело. Кога сте ја гризнале додека сте пиеле млеко – болело исто така. Вие го променивте нејзиното тело во периодот од девет месеци и таа била подложена на голема болка кога вие сте дошле на овој свет.
4. Секогаш стравувала
Од моментот кога ве родила, таа давала се од себе за да ве заштити. Таа станала ваша „мама мечка“. Таа била онаа дама која сакала да каже не кога сосетката сакала да ве подржи, бидејќи за неа вие не сте биле побезбеден кај никој друг отколку во нејзините раце. Нејзиното срце прескокнувало при вашите први чекори. Таа останувала до доцните часови за да се осигура дека безбедно сте се вратиле дома и се будела рано наутро за да ве испрати на училиште. При секоја игра таа била крај вас, таа била тука и за да ве прегрне доколку сте имале лош сон. Таа била тука за да биде сигурна дека сте добро.
5. Таа знае дека не е совршена
Таа е својот најголем критичар. Ги знае сите свои мани и понекогаш се мрази самата поради тоа. Таа сакала да биде совршена мајка и ништо да не направи погрешно – но бидејќи е човек и таа знаела да згреши. Најверојатно таа сеуште се обидува да си прости за тие грешки. Со целото срце посакува да се врати во минатото и да направи некои работи поразлично, но не може. Затоа бидете љубезни со неа и знајте дека таа дала се од себе за вашето добро.
6. Ве гледала додека спиете
Имало ноќи кога била будна и се молела да заспиете. Таа едвај ги држела очите отворени, но ви пеела приспивни песнички. Тогаш вие конечно сте заспале, а таа останувала да лежи до вас. Сета исцрпеност и замор се изгубиле во миг кога го погледнала вашето совршено бебешко лице, чуствувајќи љубов повеќе отколку што таа мислела дека е возможно.
7. Се грижела за вас многу повеќе од 9 месеци
Вие сте имале потреба од неа. Таа научила како да ве држи и да чисти истовремено, да ве држи додека јаде. Таа некогаш ве држела и додека спие. Нејзините раце станувале уморни, имала болки во вратот, но ве држела бидејќи сакала да останете до неа. Си играла со вас, ве сакала, ве бакнувала. Сте се чуствувале безбедно и среќно во нејзините раце и сте знаеле дека сте сакани. Затоа често ве држела во нејзините раце толку долго колку што сте имале потреба.
8. Срцето и се скршило секој пат кога сте заплакале
Нема звук за неа кој е толку тажен како вашиот плач и глетка поужасна од солзите кои се тркалаат по вашето лице. Таа секогаш правела се што е во нејзина моќ за да престанете да плачете, а кога не можела да го стори тоа, срцето и се распрачувало на милион ситни парченца.
9. За неа секогаш сте на прво место
Можеби таа некогаш не јадела, не се туширала кога имала намера тоа да го стори, не спиела…Секогаш ги ставала вашите потреби пред нејзините. Ако треба ќе го потроши целиот ден за вашите потреби, а на крајот на денот повеќе ќе нема енергија за своите. Но, следниот ден, кога ќе се разбуди, таа повторно го прави истото, бидејќи вие и значите толку многу на неа.
10. Таа истото би го сторила повторно
Да бидете мајка е една од најтешките работи. Плачете, некогаш сте повредени, се обидувате, знаете да „потклекнете“, работите и учите. Но, исто така ова искуство ви носи повеќе радост отколку што сте мислеле дека е возможно и сте почуствувале повеќе љубов отколку што во вашето срце можело да собере. Покрај болката, доцните ноќи и раните утра, вашата мајка повторно би го сторила истото за вас, бидејќи вие за неа вредите. Затоа, наредниот пат кога ќе ја видите, кажете и БЛАГОДАРАМ, покажете и дека ја сакате. Нејзе никогаш не и доста од вашето ТЕ САКАМ!