Присетувањето на некоја конкретна сцена делува на неколку начини. Прво, открива дека ве смета за одличен љубовник, што му угодува на егото. Освен тоа, открива дека таа е возбудена. Ваквите реленици за жените се прилично директен сигнал дека сакаат секс.
-
Тој ми се нафрлаше…
Иако не е препорачливо да си играте со вакви изјави, посебно ако не сте сигурни во стабилноста на вашиот однос, повремената доза на љубомора може да направи чудо за либидото на мажот. Жените сметаат дека, ако наведат оти некој им се нафрлал ќе го истакнат фактот дека се пожелно. Ако го каже ова, таа смета дека назнаката на можната конкуренција ќе ги разгори страстите во вас.
-
Дали сум секси во ова
На овој начин жената бара од вас потврда за нејзината сексуална самодоверба. Таа знае дека е секси и сака да види доказ како делува врз вас.