Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 16 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај шест возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 72 возила.