Министерството за образование и наука ги информира студентите, дека за академската година 2014/2015 можат да аплицираат за стипендии за подготвителен курс по словачки јазик на Универзитетот Комениус во Братислава. Десетте стипендии по словачки јазик ги доделува Владата на Република Словачка.
Курсот е во времетраење од десет месеци, а вклучува и подготовки за полагање на квалификационите приемни испити на универзитетите во Словачка.
Месечната стипендија е во висина од 280 евра, а на студентите ќе им бидат покриени трошоците за сместување, исхрана и други поврзани трошоци.
По завршувањето на подготвителниот курс, студентите ќе го имаат истото право и услови како словачките студенти при запишување на факултет.
Аплицирањето за стипендијата е до 30 мај, а потребните документи треба да се достават во Министерството за образование и наука.
Подготвителниот курс започнува на 3 септември.