![DbuhDFeW0AIAuA1-640x400](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/DbuhDFeW0AIAuA1-640x400.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Десет тинејџери загинаа во поплава, вчера јужно од Мртвото Море, соопшти Националната спасувачка служба на Израел.
Според информациите, несреќата се случила кога дошло до забрзано надоаѓање на водата. Телото на десеттата жртва била пронајдено денеска, откако во потрагата беа користени воени хеликоптери. Во акцијата беа спасени 15 излетници.
Претседателот на Израел, Реувен Ривлин, по овој повод на својот профил на Твитер напиша дека државата жали за губењето на младите животи.
Загинатите тинејџери биле дел од групата од 25 ученици кои биле на планинарски излет организиран од страна на предвоената академија во Тел Авив. Тие требале да ја започнат програмата во наредната година. Од надлежните служби најавија дека ќе се истражува дали раководителите на академијата ќе одговараат за убиство од небрежност.