Десетгодишната Јована со оштетен вид издаде стихозбирка

„Тајните на моето срце“ е првата стихозбирка на десетгодишната Јована Трајчевска од Ресен штитеничка на училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.

Стихозбирката е подготвувана во изминатата година ипол, а инспирирана е од секојдневните ситуации и од семејството.

Јована, и покрај тоа што го има изгубено видот, поседува талент за свирење клавир и хармоника.

Јована и покрај хендикепот што го има, досега оствојувала голем број награди и признанија во повеќе области.