Десетгодишно девојче и возрасна жена се тешко повредени и хоспитализирани на скопскиот Клинички центар во саботата, откако настрадале во две одделни сообраќајни несреќи, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи/
Малолетничката настрадала во незгодата којашто вчера околу 13,30 часот се одиграла на регионалниот пат Мелнички Мост – Центар Жупа, кога во неа удрил автомобил „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот А.П. од Скопје. Десетгодишното девојче се здобило со тешки телесни повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Подоцна во текот на дено, околу 16,15 часот на улицата „Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „еено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишнито скопјанец Б.М. и автомобил „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишната З.Ч.П., исто така, од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила З.Ч.П., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило 77-годишната К.Ч.(77) и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.