Десетици илјади луѓе протестираа во саботата во Франција и во Швајцарија против ковид-пропусниците кои тамошните влади ги воведоа со цел да го сузбијат ширењето на коронавирусот.
На демонстрации кои ширум земјата се одржуваат 14-та сабота со ред, француското министерство за внатрешни работи извести за повеќе од 40.000 демонстранти. Притоа се известува дека се приведени пет лица.
Илјадници демонстранти против рестриктивните мерки повторно маршиаа и во неколку швајцарски гааови, а во Берн се одржаа и контрапротести. Сите собири минале без инциденти.
На главниот собир во местото Реперсвил-Јона во кантонот Сен-Гал на истокот од Швајцарија имало околу три илјади учесници, извести агенциајта ATS повикувајќи се на полицијата. Демонстранции се одржале и во Лозана, Лугани и во Баден.
=