Десетици илјади против тероризмот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер (ВИДЕО)

Американската поп-пејачка Аријана Гранде настапува во неделата вечерта на добротворниот концерт „Го сакаме Манчестер“ на кој околу 50.000 луѓе му кажаа „не“ тероризмот по крвавиот терористичките напади во Манчестер и во Лондон.

Концертот се одржува во спомен на 22-те жртви од терористичкиот напад од 24 мај, вклучително деца и тинејџери, непосредно по завршувањето на концертот на Аријана Гранде во северноанглискиот град Манчестер.

Настапот го отвори поетот Тони Волш, кој нападот во Манчестер го спореди со саботниот во Лондон во кој беа убиени седум луѓе и беа ранети 48 други.

„Омразата никогаш нема да победи, стравот никогаш нема да нѐ подели., бидејќи денес сме обединети за Манчестер“, изјави менаџерот на пејачката Скутер Браун, пред Гранде да излезе на сцената.

Неа подоцна ќе ѝ се приклучат и Кети Пери, Џастин Бибер, Мајли Сајрус и Колдплеј. Концертот во живо се пренесува на телевизијата и интернет, а го обезбедуваат силни полициски сили.

Британските власти известија во неделата утрото дека концертот во Манчестер ќе се одржи и покрај нападот од саботата ноќта во Лондон.

Целиот приход од концертот кој се одржува на градскиот стадион за крикет е наменет за жртвите од самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер и нивните семејства.

 

 

 

http://www.independent.co.uk/arts-entertainment/music/news/ariana-grande-manchester-concert-live-stream-watch-justin-bieber-take-that-oasis-latest-a7771826.html