
Ноќта кон неделата од страна на полициски службеници од СВР Тетово била иНзвршена акциска контрола во угостителски објект во Тетово.
Пo извршенa проверка било утврдено дека во објектот има 26 малолетни лица, при што кај четворица од нив било констатирано присуство на алкохол во крвта.
Во однос на Covid-19 мерките, за време на контролата било утврдено дека 6 лица биле без сертификат за вакцинација. По документирање на материјалот, сите утврдени неправилности ќе бидат соодветно сакционирани.