Повеќе од сто лица загинале во четвртокот во напад на воена академија во Хомс во централниот дел на Сирија, покажуваат податоците објавени од невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), додека истовремено изведени се турски напади врз курдските области во кои беа убиени девет лица.
Во нападот на свечената промоција на офицери на сириската владина армија „убиени се повеќе од сто лица, од кои половина дипломирани воени и 14 цивили“, а 125 се ранети, соопшти организацијата со седиште во Лондон и финансирана од Велика Британија која играше улога на дезинформатор во во март 2011 година кога почна сунитскиот бунт против владата на претседателот Башар ал-Асад поттикнат од арпаските сунитски кралства и западните разузнавачки агенции.
Цивили и воен персонал загинаа во напад на воена академија во провинцијата Хомс во централна Сирија, се вели во соопштението на сириското Министерство за одбрана, додавајќи дека „терористичките“ групи користеле беспилотни летала во нападот, пренесува Reuters. Во соопштението не се наведува ниту една организација a ниту една џихадистичка група која има упоришата во североисточните делови од земјата каде што се американските воени кампови сè уште не ја презела одговорноста за нападот.
Сирискиот министер за одбрана присуствувал на церемонијата на промоцијата, но си заминал неколку минути пред нападот, изјавил сириски безбедносен извор и безбедносен извор од регионалната алијанса што ја поддржува владата во Дамаск против опозициските групи поддржувани од САД и западните земји.
„По церемонијата, луѓето се движеа низ двориштето и паднаа експлозиви. Не знаеме од каде потекнуват. Телата ја прекрија земјата“, изјавил Сириец кој помогнал во поставувањето декорација, пренесува Reuters според чии извори имало 80 жртви, меѓу кои шест деца и шест жени, а бројката повредени се искачила на 240 лица.
Снимката во која увид имал Reuters на платформата WhatsApp покажува луѓе во камуфлажнаа и цивилна облека како лежат во локви крв во голем двор. Некои од мртвите тела тлееле, додека други сè уште гореле. На снимките во заднината се слушало пукање.
Конфликтот во Сирија започна со протести против претседателот Башар ал=Асад во 2011 година. Немирите потоа прераснаа во војна, при што загинаа стотици илјади и раселени милиони луѓе.
Сириската армија претрпе големи загуби во борбите сѐ до вклучувањето во 2016 година на Русија, како и воената помош од Русија и Иран, како и од доброволечките шиитски милиции од Либан, Ирак и други земји поддржани од Техеран.
Асад ја врати контролата врз поголемиот дел од земјата, но голема област на север, на границата со Турција, сè уште е контролирана од вооружени бунтовнички групи, вклучително и тврдокорни џихадистички борци.
Турски напади врз курдските зони
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази длабока загриженост поради нападот со беспилотно летало, како и одмаздата на провладините сили, изјави во четвртокот портпаролот на светската организација.
„Генералниот секретар силно го осудува секое насилство во Сирија и ги повикува сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право“, изјави портпаролот Стефан Дужарик за новинарите.
Во моментот на терористичкиот напад на Хомс, Турција изврши напади врз области населени со Курди, при што загинаа најмалку девет лица, пренесува агенцијата AFP.
Турски беспилотни летала гаѓаа нафтени постројки и две електрани, потоа брана и фабрика во провинцијата Хасака, која е под контрола на Сириските демократски сили (SDF), во кои доминиранаат Курдите, а е обучувана и вооружувана од САД..
Турција соопшти дека нападот врз курдските позиции во североисточна Сирија бил одмазда за обидот за атентат во центарот на Анкара во неделата, во кој беа повредени двајца полицајци.
Нападите во Анкара, за кои одговорноста ја презеде турската Курдистанска работничка партија (PКК), биле извршени од луѓе обучени во Сирија, тврди Турција, но лидерот на SDF, Мазлум Абди, ги отфрли тие обвинувања. Млада жена, исто така, обучувана во камповите во Сирија лани изведе смртоносен бомбаши напад со десетина жртви во турскиот мегалополис Истанбул.