
Три полициски автомобила, едно комбе и десетина полицајци попладнето во четвртокот по 15 часот интервенираа во Турското маало во Струмица.
Според првичните информации, на влезот во маалото дошло до тепачка меѓу две семејства при што биле употребени и секири.
Очевидци раскажуваат дека до пресметка дошло поради расправија за место за продажба, а според други, пак, поради недоразбирање околу плаќање закупнина за една продавница.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а улицата „Бетовенова“ е блокирана на влезот од полициски возила.
Од полицијата го потврдија настанот, а со повеќе информации ќе излезат подоцна.