Десетици приведени на „народната инаугурација“ во Минск, Лукашенко му возврати на Макрон

Припадниците на интервентната белоруската полиција одвлекувала лица во комби и користела шок-бомби и солзавец за да растереа десетици илјаи демонстранти кои седма недела по ред протестираат барајќи од претседателот Александр Лукашенко да се повлече од позицијата, на што го повика и францускиот челник Емануел Макрон.

Демонстрантите скандирале „Измамници!“ и „Света е нашата претседателка“ , алудирајќи на позициската противкандидатка на Лукашенко, Светлана Тихановска, додека во поворка оделе по улиците на Минск со црвено-бели знамиња, кои пред стотина година кусо време беле државни, а сега ги носи како свој белег опозицијата. Активистите за човекови права соопштија дека се приведени најмалку 53 лица.

Овој протест беше најавуван како „народна инаугурација“ на Светлана Тихановска, којашто пред изборите на 9-ти август ја посети Москва, се врети во Минск а по објавувањето на резултатите на кои освои според државната изборна комисија 10 отсто од гласовите, замина во Талин.

Противниците на Лукашенко обвинуваат дека изборите биле лажирани, за тој да го освои шестиот мандат по 26 години на власт. Лукашенко, пак, негира дека имало местење на изборите и во средата без никаква најава свечено ја положи претседателската заклетва.

Овој потег, како да се очекуваше поинаква одлука на Лукашенко, предизвика остра реакција на Европската унија, САД, Велика Британија и Канада, кои најавија и санкции за белоруските функционери и повторно бараа повлекувања на претседателот а не повторување на изборите.

Полицајците во неденалата извлекувале поединци од масата демонстранти и ги одвлекувала во полициските возила, изјавил за Reuters очевидец. Истовремено биле блокирани неколку станици на подземната железница, а бил намалена брзината на интернетот и мобилните комуникации.

Полицијата соопшти дека ипотребила солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите кои го нарушувале редот во источниот град Гомел, пренесе агенцијата TAСС.

Белоруското министерство за внатрешни работи вообичеано бројот на приведените на протестите го објавува следниот ден, соопшти дека во текот на протестите во саботата биле приведени 150 лица.

Истовремено во неделата Лукашенко го нарече својот француски колега по должност Емануел Макрон „незрел политичар“, одговарајќи на неговата утринска порака белорускиот претседател да поднесе оставка.

„Како претседател на земјата, тргнувајќи од принципите на смиот г-дин Макрон, сакам да кажам дека самиот претседател на Франција, следејќи ја сопствената логика, требаше да поднесе оставка пред две години кога Жолтите елеци почнаа да излегуваат на улиците на Париз“, ја цитира писмената изјава на Лукашено, новинската агенција Белта.

Лукашенко, исто така, ги споменал и акциите на движењето Black Lives Matter и протестите на муслиманите во француските градови Марсеј и Лиони, и истакнал дека Минск е подготвен да биде „место за преговорите меѓу Макрон и претставниците на овие групио за предавање на власта“.

Додал дека неговот француски колега „посветува премногу внимание“ на изборите во Белорусија.