Десетици луѓе оваа седмица биле убиени во напад врз градот Палма во северен Мозамбик, од каде илјадници луѓе бегаат пред исламистичките милитанти кои се противат на продолжувањето на реализацијата на големиот енергетски проект, објавија воени и полициски извори во неделата вечерта.
Џихадистичките бунтовници воспоставиле контрола над градот Палма во петокот вечерта. Очевидци велат дека телата на убиените лежат на улиците на градот, а на некои им е отсечена главата.
Во саботата била изведена евакуација на околу 180 лица, кои три дена не можеле да излезат од хотел во градот поради нападот. Во текот на оваа операција загинале неколку луѓе, пренесува AFP. Според последните податоци на министерството за одбрана, во текот на евакуацијата од хотелот бунтовниците поставиле засега, во која загинале најмалку седум луѓе.
„Минатата среда група терористи продреа во градот Плама и започнаа борбени дејствија што доведе до подли убиства на десетици незаштитени луѓе“, изјавил портпаролот на министерството за одбрана на Мозамбик, Омар Саранга.
Додал дека безбедносните сили спроведуваат операција на „спасување на стотици граѓани, жители на земјата и странци“, но не дал точни бројки.
Француската команија „Total“, која работи на наоѓалиштето на природен гас, соопшти дека ги запира активностите на градба на постројките по нападот на исламистите на градот, и дека ќе задржи само „минимален број“ вработени. Претходно во средата, на денот на нападот, компанијата најави продолжување на работите на јасните постројки кои треба да проработат во 2024 година.
Франциски „Total“ е главниот инвеститор во овој меѓународен проект проценет на 60 милиони долари, во кој уште улествуваат и италијански „Eni“ и амрикански „ExxonMobil“.
Покраината Кабо Делгадо, во којашто се наоѓа градот Палма со 75.000 жители, од 2017 година е цел на нападите на исламистите поврзани со џихадистичката организација Исламска држава.
Стотици жители пристигнуваат со чамци и бротчиња во градот Пемба, рекле за агенцијата Reuters дипломат и помошен работник. Со нив доаѓа и локалното население и странците, меѓу кои вработени на гасниот проект. Во еден брод кој допловил во неделата од Палма имало околу 1.300 луѓе, рекол дипломатот.