Десетици загинати во поплави и одрони во Индонезија и Источен Тимор

Во новите поплави предизвикани од силни дождови во неделата утрото загинале 23 лица на индонезискиот остров Флорес, повредени се девет а петмина се водат како исчезнати, додека во малата соседна држава Источен Тимор известија за осум загинати во одроните.

Најмалку 40 семејства се погодени на Флорес, на истокот од индонезискиот архипелаг, изјави Радитја Џати, портпарол на локалната агенција за управување со катастрофи BNPN.

„Десетици куќи потонале во калта во селото Ламанеле… пороите им ги однесе домовите на селаните“, додаде Радитја во изјави зборувајќи за источниот дел од островот.

Мост се урнал на истото на островот Адонара, каде што спасувачите се борат со силен дожд, силен ветер и брановите, додаде Радитја.

Во Источен Тимор осум лица загинале во одронит во предградие на главен град Дили, извести државната новинска агенција Tatoli.

„Моментално сме насочени на постарите, децата и трудниците и настојуваме да ги преместиме на безбедно“, го цитира агенцијата Жоаким Гусмао, државен секретар за цивилна заштита.

Меѓу смртни настраданите е и двегодишно дете, пренесува Reuters повикувајќи се на очевидец.

Прекиното се снабдувањето со електрична енергија, а претседателската палата е поплавена, бидејќи дождовите и силниот ветер го пустошат Дили од саботата вечерта.

На социјалните мрежи се поставуваат снимки од урнати објекти и превртени и потонати возила.

Метеоролозите предупредуваат на уште полошо невреме. Индонезиската метеоролшка агенција објави дека тропскиот циклон во близина, меѓу јужниот дел на покраината Нуса Тенгара северниот брег на Источен Тимор моќе да ги засили дождовит, брановите и ветерот.