Ова е трета полициска операција против „Коза ностра“ во последниве шест месеци.
Сите апсени се осoмничени за припадност во кланот „Бонано“ – една од петте големи фамилии на италијанско-американската мафија во североисточниот дел на САД.
Во период од речиси 20 години тие се занимавале со уцени, организирање на обложување, трговија со дрога и други кривични дела во квартот Хуард бич во округот Квинс.
Роналд Џаланѕо – лидерот на кланот Бонано, организирал шема за давање на заеми со огромна лихва, стои во извештајот од истрагата, што беше објавен синоќа од обвинителот Бриџит Роуд.
Исто така е извршувано и физичко насилство врз нередовните плаќачи.
Се оценува дека „Коза ностра“ со незаконски дејности заработила над 26 милиони долари.