Околу десет илјади граѓани има опасност да останат без матични лекари. Причината е што матичните лекари заминувале или наскоро заминунваат во пензија, а Здравствен дом Скопје не распишува тендер за концесионери, пишува Курир.мк
За краток временски период од две поликлиники во Скопје три матични доктори заминаа во пензија. Најдоцна за шест месеци заминува уште еден матичен лекар. Притоа двајца матични се од една општина Ѓорче Петров, а имале околу седум илјади пациенти. За да не се дојде во ситуација околу десет илјади граѓани да останат без здравствена заштита треба да се почитува Законот за здравствена заштита.
Законот предвидува постапка за доделување на концесија за некој да ја врши дејноста матичен лекар да започне три месеци пред денот на заминување во пензија на матичниот лекар. Во конкретниов случај директорот на Здравствен дом Скопје и управниот одбор на оваа институција требало да следат кој и кога заминува во пензија и управниот одбор да донесе одлука за тендер за концесионери или закупувачи.
„Надлежните мора да ја следат ситуацијата зошто според податоците што ги имаме наскоро ќе заминуваат во пензија уште матични лекари и тоа со навршени 67 години, односно со искористено и продолжување“, коментираат за порталот Курир.мк извори упатени во здравствениот свет.
Сепак дел од здравствените работници велат дека не е баш така едноставно кога се применува законот, а причина е човечкиот фактор.
„За да се почне процедура за распишување оглас за нов концесионер, треба известување и потврда од матичниот лекар. Додека тој не ја извести управата на Здравствен Скопје не може да одлучува Управниот одбор, а откако ќе биде извествен се праќа допис до министерство. Значи прво одобрува министерството, потоа Здравствен дом објавува оглас. Често матичните не известуваат во последен момент, затоа настануваат вакви празнини граѓаните да остануваат без матични лекари“, велате.
Дополнително коментарите се дека ова е уште еден показател дека треба да се има стратегија како да се задржат младите лекари во државава. И додека надлежните не ја следат ситуацијата страдаат граѓаните, остануваат без основната здравствена заштит