Десетина лица со лажни PCR тестови откриени при обид за излез од земјата

Во средата полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север откриле 11 фалсификувани негативни PCR тестови кај македонски државјани при обид за излез од земјата.

При проверка на PCR тестови приложени од македонски државјани на Граничниот премин Табановце биле откриени девет фалсификувани негативни тестови, додека на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје биле откриени два фалсификувани теста.

Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1.000 до 2.000 денари.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување иправа“ и по член 206 – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.