Десетина насилници претепале момче на Бит пазар

Во петокот доцна вечерта група меѓу десет и дванасет насилници нападнале млад скопјанец и му нанеле тепки повреди, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи

Синоќа во 23.10 часот во Полициската станица Бит пазар, С.Н. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ физички бил нападнат од 10 до 12 непознати лица, при што му биле нанесени телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.