Десетина ранети во пукање во Њујорк

Десет лица се повредени во масовно пукање во њујоршкиот кварт Квинс доцна на Нова година, соопшти њујоршката полиција на брифинг со новинарите рано во четвртокот.

Шест жени и четворица мажи се меѓу повредените во инцидентот пред клубот „во средата доцна навечер и се очекува сите да закрепнат, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил кога тројца-четвориаца мажи отвориле оган врз толпата надвор од клубот „Amazura“, соопшти NYPD.

Корисниците се огласија на социјалните мрежи изразувајќи го својот шок од инцидентот и споделувајќи фотографии од полицајците распоредени на местото на настанот.

Полицијата ја исклучи можноста за терористички напад.

Инцидентот се случи неколку часа по два други акти на насилство на друго место во САД на Нова година.

Во Њу Орлеанс камион влета во улица полна со новогодишни веселби, при што загинаа 15 луѓе, а во Лас Вегас електрично теренско возило „Teslа Cybertruck“ експлодираше пред хотелот во делумна сопственост на новизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, при што едно лице загина а седум беа повредени.

Американските власти се обидуваат да пронајдат осомничени поврзани со инцидентите во Њу Орлеанс и Лас Вегас, а исто така истражуваат објави на интернет со можни терористички ставови.