Десетина загинати во две експлозии во Кабул, одговорноста ја презема Исламска држава

Најмалку девет лица загинале а уште девет други се ранети во две експлозии кои одекнаа во авганистанската престолнина Кабул во средата, за којашто одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава на Хорасан со објавата на социлјалната мрежа Telegram.

Правата експлозија одекнала во квартот Дашете-Барчи, во кој според неименувани извори загинале четири лица. По неколку часа, исто така, во западните делови на Кабул одекнала уште една експлозија во која загинале пет цивили, меѓу кои жени и деца, а уште седум биле ранети.

Терористичките напади на Исламската држава во Авганистан зачестија по талибанското преземање на власта во август. На почетокот од ноември во нападот на џихадистите врз кабулска болница кога загинаа најмалку 23 лица. Претходно кон средината на октомври во напад врз шиитска џамија во текот на молитва во Кандахар беа убиени најмалку 65 луѓе. Сите претходни напади откако талибаните ја преземаа власта во Авганистан беа насочени кон шиитските џамии, особено оние кои ги посетуваат припадниците на малцинската етноконфесионална заедница Хазари.