Десетмина убиени при бомбашки напад во предградие на Кабул

Нападот бил извршен во месноста Пагман, којашто се наоѓа на неколку километри западно од Кабул, пишува МИА.

Бомбашот-самоубиец се разнел во автобус којшто превезувал група  правници, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

До овој момент никој не ја презел одговорноста за нападот, којшто всушност е извршен на денот кога талибанците официјално потврдија дека нивниот лидер, мула Ахтар Мансур бил убиен при напад на американската авијација. Тие, меѓу другото, објавија и дека негов наследник ќе биде Хајбатула Ахунзада.