Деветте македонски државјани кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција), според последните информации се на безбедно и не се во животно – загрозувачка состојба. Се работи за ученици во средно училиште од Гостивар, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово итн, соопшти МНР.
„По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со дополнително возило – комби – со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава. Последните информации говорат дека за едно од децата кое има скршеница, направена е првична медицинска санација, и истото е подготвено за патување и заедно со групата ќе биде упатено назад кон земјава, штом дипломатот од Амбасадата во Анкара пристигне на лице место“. информира МНР.