Секоја од десетте најскапи бури, поплави и суши во 2022 година чинела најмалку три милијарди долари во „уништувачка“ година во на првите линии на природните катастрофи, покажува извештајот.
Издвоени се од страна на Christian Aid најлошите катастрофи поврзани наводно со климата оваа година, бидејќи светот доживува сè посилни бури, поројни дождови и суши предизвикани, како што се тврди, од зголемувањето на глобалните температури како резултат на човековата активност.
Тие вклучуваат бури и суша во Велика Британија и во Европа, заедно со големи настани на сите населени континенти.
Ураганот Иан имаше најголемо финансиско влијание – од 100 милијарди долари, кога во септември ги погоди САД и Куба. Во ураганот загинаа 130 луѓе, а повеќе од 40.000 беа раселени, според извештајот на хуманитарната агенција.
Најтешките последици во однос на човечките загуби имале поплавите во Пакистан од јуни до септември, за кои научниците утврдиле дека наводно се многу поверојатни поради климатските промени, предизвикувајќи 1.739 смртни случаи и раселени седум милиони луѓе. Поплавите чинат 5,6 милијарди долари, иако тоа се само осигурани загуби и се проценува дека всушност чинат повеќе од 30 милијарди долари, истакнуваат од Christian Aid.
Извршниот директор на агенцијата, Патрик Ват, вели дека „Десетте издвоени климатски катастрофи во изминатата година, од кои секоја чини повеќе од три милијарди долари, укажуваат на финансиската цена на неактивноста во борбата против климатската криза. Но, зад бројките во долари стојат милиони приказни за човечки загуби и страдања“. „Без големи намалувања на емисиите на стакленички гасови, овој човечки и финансиски данок само ќе се зголеми“, предупредува Ват.
Според извештајот, ова се десетте најскапи климатски катастрофи во 2022 година во однос на осигурените штети:
Февруари: Бурата Јунис во Белгија, Германија, Ирска, Холандија, Полска и Велика Британија – 4,3 милијарди долари;
Февруари-март: Поплавите во источна Австралија – 7,5 милијарди долари;
Април: Поплавите во КваЗулу Натал и Источен Кејп, Јужна Африка – три милијарди долари;
Јуни – септември: Поплавите во Пакистан – 5,6 милијарди долари;
Јуни – септември: Поплавите во Кина – 12,3 милијарди долари;
Јуни – септември: Сушата во Еввропа – 20 милијарди долари;
Септември: Ураганот Фиона, Карибите и Канада – три милијарди долари;
Септември- октомври: Ураганот Иан, во Куба и САД – 100 милијарди долари;
Цела година: Сушата во Бразил – четири милијарди долари.
Цела година: Сушата во Кина – 8,4 милијарди долари.